Богојавление со писмо го кани Путин во Охрид

Од:

Здруженито „Богојавление“ е во интензивни контакти со Руската амбасада во Скопје, во врска со нивната желба Рускиот претседател Владимир Путин да дојде во Охрид, и да биде кум на манифестацијата Водици 2013 година, кога традиционално ќе се фрла крстот во Охридското езеро.

„Стапивме во контакт со Руската амбасада во Скопје, од каде ни рекоа дека поканата до Путин во форма на писмо, во кое ќе биде образложено зошто претседателот на Русија треба да дојде во Охрид најпрво треба да ја испратиме до нив, а пота тие ќе ја достават лично до претседателот Путин. Во контакт сме со рускиот амбасадор, и очекуваме деновиве да имаме средба со амбасадорот на Русија во Македонија“, рече за А1, Љупчо Арнаудов, претседател на здружението „Богојавление“.

Арнаудов рече дека доаѓањето на Путин во Охрид ќе биде и добар знак за целиот христијански свет. Тој очекува Путин да ја прифати поканата и желбата за негово доаѓање во Охрид и Македонија да стане реалност. Во писмото кое го испратија до Путин стои

„Македонија како што Ви е познато е библиска земја, една од земјите од каде почнало да се шири христијанството и писменоста на словенските народи. Векови наназад, во Македонија, а најмногу во древниот Охрид, кој мирно почива на прочуеното Охридско Езеро се одржуваат црковни манифестации кои потсетуваат на времето на крштевањето на Исус Христос од страна на Св.Јован Крстител. Во последните десетина години, во Охрид делува Здружението за афирмација на македонската православна црква “Богојавление“ кое заедно со црковните структури учествува во организацијата на масовното обележување на Водици. На 19-ти и 20-ти јануари, на денот Богојавление и Денот на рибарите, Охрид е Мека на христијанскиот православен свет. Во Охрид доаѓаат поклоници на Бога од цела Македонија, како и од соседните земји Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора. Повеќе од дваесет илјади граѓани присуствуваат на одбележувањето на овој христијански празник, проследен со црковни обреди и богата културно-уметничка програма. Во името на здружението “Богојавление“ и во мое лично име, си земам за право да Ве поканам да дојдете во древната престолнина на христијанството, на далеку прочуениот Охрид и да бидете КУМ на манифестацијата за одбележување на големиот христијански празник Водици 2013“, стои во писмото на претседателот на Богојавление Љупчо Арнаудов испратено до Путин.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион