Богојавление одбележано во Прилеп

Од:

Денеска напладне на базенот од хотелот „Сонце“ во Прилеп се одржа чинот на фаќањето на Светиот крст по повод Богојавление – Водици.

Годинава учествуваа 67 прилепчани. Меѓу учесниците имаше и две девојчиња од кои едното, 12-годишната Меланија Бошеска е и најмлад учесник. Најстариот учесник беше 70-годишниот прилепчанец Гога Најчески.

Крстот го фати 18-годишниот Хари Наумоски, ученик во спортската гимназија при средното училиште „Ристе Ристески – Ричко“. – Многу сум среќен и очекувам убави работи да ми се случуваат годинава, изјави Наумоски.

Од организаторот локалната самоуправа и од црквата за подарок Наумоски доби телевизор и златен крст.

По повод Богојавление – Водици градските власти на Прилеп во х.„Сонце“ ја одржаа шестата традиционална донаторска конференција со бизнис секторот и институциите во градот. Парите се наменети за изградба на камбанаријата на црквата „Св. Петка“ во прилепската населба Точила, рече градоначалникот Марјан Ристески.

– Ова многу им значи на прилепчани. Црквата се изгради по стотина години откако последно се градел православен храм во Прилеп. Внатрешно е уредена, се фрескоживописува и сега треба да се соберат средствата за изградба на камбанарија, изјави Ристески.

Би можело да ве интересира

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид