Почна судењето за поранешниот разузнавачот Слободан Богоевски кој во акцијата „Агент“ е обвинет за перење на пари при продажбата на земјиште во близина на спортската сала „Борис Трајковски“.
Тој ги отфрли сите наводи на обвинението како неосновани, сите докази коишто ги нуделе од обвинителството биле легални акти на државните органи, а сомнежи не поттикнувале ниту доказите прибавени со посебни истражни мерки.
Богоевски пред судот раскажа дека со Кондоминас се познавал од 1993 година, а тој првпат дошол во Македонија во 1997 година и се сретнал со тогашниот шеф на државата и со претседателот на владата, односно со починатиот претседател Киро Глигоров и поранешниот премиер Бранко Црвенковски.
По заминувањето на Богоевски од владата во 2000 година, му станал личен консултант на Кондоминас и учествувал во голем број успешни проекти во земји од регионот, каде вршел проценка на бизнис ризикот.
ФОТО: Утрински Весник