Богоевски до Џафери: Ти ја прекина седницата зошто сте заедно со криминалната банда на ДПМНЕ

Од:

Талат Џафери ја прекинал седницата поради однесувањето на колегата Мухамед Зекири. Не знаев дека “лавот од Форино” бил толку чувствителен“ реагира претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, Павле Богоевски, по одговорот на спикерот Талат Џафери за прекинувањето на седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски.

-А можеше да го трпи криминалецот на Груевски кога сакаше да се тепа со него за Законот за јазици. Не, Талат. Ти ја прекина седницата бидејќи се уште твојата партија е во коалиција со криминалната банда на ДПМНЕ. По сите драми и лаги дека на еден член му се слошило, а сте испратиле возила по другата заменичка. Не ви дозволивме да ја упропастите работата за време на комисиската расправа, ете затоа ја прекина седницата.

По парламентарните избори, го извадивме ДУИ од ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно, не успеавме да го извадиме ВМРО од ДУИ“ напиша Богоевски.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање