(ВИДЕО) Богоев: Побаравме укинување на екстерното, бараме и јавна расправа за образованието

Од:

„Го исполнуваме ветувањето дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе биде отворена за граѓаните и за јавноста.

Денеска поднесовме барање за одржување јавна расправа за состојбите во образованието, за квалитетот што не се обезбедува со тестови, за укинување на екстерното тестирање.

Барањето за јавна расправа е доставено до Трајко Велјаноски и претседателот на Собраниската комисија за образование, наука и спорт“, изјави на денешната прес конференција Стефан Богоев, пратеник.

„За СДСМ и коалицијата добри реформи не се реформи кои ги пишуваат политичари зад затворени врати туку решенија што мора да се договорат заедно со наставниците, учениците, студентите, родителите, бизнис заедницата.

Почнавме такви разговори и веќе предложивме повеќе закони, меѓу коишто и за укинување на екстерното тестирање. Но и Собранието мора да ги отвори своите врати и да ги праша најзасегнатите. Затоа е ова барање за јавна дебата за проблемите во образованието и можните решенија.

Ова е едниствениот начин да го спречиме интелектуалното осакатување на учениците.

Ги повикуваме сите наставници, ученици, родители и стручни лица да се вклучат во јавната дебата во наредниот период, а власта и мнозинството да ја прифатат.

Владејачкото мнозинство, без никаква јавна дебата го усвои катастрофалното екстерно тестирање.

Студенти, средношколци, наставници, масовно, низ сите градови, излегоа на улиците да кажат НЕ.

Како одговори власта? Со непримерни навреди на Груевски кон учениците и студентите во Македонија.

За нас мислењето на граѓаните е од исклучителна важност.

Најавуваме дека за сите идни закони коишто се од поширок јавен интерес, задолжително ќе ги земеме во предвид нивните мислења и сугестии“, рече Богоев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?