Богоев од Карпош: Помогнете ни на нас младите да останеме во Македонија!

Од:

„Во Карпош се чуствува мирисот на промената, на победата!

Карпош е загаден. Загадувачот во Карпош има име и презиме, се вика Стевчо Јакимовски. И тој што сее криминал, и во Карпош и низ цела Македонија има име и презиме, се вика Никола Груевски.

Овие криминалци ги украдоа нашите пари!

Тие ги избркаа моите другарки и другари од Македонија.

Имаме шанса да ги вратиме во историјата.

Имаме План како граѓаните да живеат во Република Македонија.

Ќе им гарантираме на младите дека по завршување на образование ќе добијат шанса за вработување, за пракса или за дообразување на сметка на државата.

Младите кои се креативни ќе добијат пари за сопствен бизнис во Македонија“, рече Стефан Богоев, претседател на СДММ и кандидат за пратеник на вчерашниот промотивен митинг на СДСМ и коалицијата во општина Карпош.

„Бабички и дедовци, зарем ќе дозволите вие, ние вашите внуци да ја напуштиме Р.Македонија?
Зарем вие, татковци и мајки, чичковци и стрини, тетки и вујкови ќе дозволите ние, вашите деца, да ја бараме нашата иднина во друга држава?

На 11-ти декември имате шанса да ни помогнете на нас младите да останеме во Република Македонија, со глас за број 4!

Карпош победува, Македонија се ослободува“, изјави Богоев.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он