Богоев од Брвеница: Буџетот за 2023 обезбедува средства за повисоки плати и пензии

Од:

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев денеска на трибината ,,Силно и одлучно кон иднината” во општина Брвеница порача дека СДСМ за целиот период од светската економска криза покажа што значи вистинска грижа за граѓаните.

– Во таа насока е и Буџетот за 2023 година кој е во Собрание а со кој обезбедуваме дополнителни 250 милиони евра за нови мерки за помош на граѓаните. Дополнително, ги зголемивме и средствата за плати и пензии, тоа значи дека и следната година ќе има раст на минималната плата и на пензиите, порача Богоев.

Потпретседателот Богоев истакна дека бројни податоци ја потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ а последен показател е растот на просечната плата која во септември изнесува 32.553 денари.

– Тешко е за сите, тешко е и за нас во оваа светска криза, но се бориме и ќе продолжиме да се бориме да биде подобро за сите. Заедно ги надминуваме последиците од кризата, заедно ќе ја обезбедиме сигурната и стабилна иднина и нема да дозволиме никој да ги загрозува државните и националните интереси, порача Богоев.

Би можело да ве интересира

Стефан Богоев со гаранција од 55.000 евра излегува од притвор

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски

Кривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан Богоев, по комплетирање предметот ќе биде доставен на одлучување

Стефан Богоев и останатите осомничени за злоупотреби во Царината одат 30 дена во притвор

А1он

Судот одлучува дали ќе има ефективен притвор за Стефан Богоев и тројцата осомничени за злоупотреби во Царината

А1он

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он