(ВИДЕО) Богоев: Јанкуловска и Бети да се вселат во студентски домови, а студентите во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Пратеникот од СДСМ, Стефан Богоев, на денешните пратенички прашања се осврна на катострафалната состојба во студентски домови и побара одговорност од Владата зошто со години се одложува нивната реконструкција. Отако заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, ги наброја зафатите што Владата ги презела за обнова на студентските домови, Богоев побара од него да преспие неколку дена на местото на студентите, а тие да се вселат во луксизното седиште на партијата во Центар.

-Женската зграда во „Стив Наумов“ сместува 643 студенти кои имаат еден тоалет со ужасен санитарен чвор. Ако сте толку убедени во добрата состојба на студентски домови ајде заедно да отидиме и да преспиеме таму. Во женската зграда на „Стив Наумов“ еве пратете ги Гордана Јанкуловска и Елизабета Канческа-Милевска. Нека поспијат малку во таа зграда. Студентите нека се вселат во вашата партиска зграда да видат малку луксуз. Затворите во Норвешка се подобри од студентските домови во Македонија – рече Богоев.

Тој во своето прашање му се обрати на премиерот, Никола Груевски, но не доби одговор од него. Богоев потсети дека со години наназад премиерот најавува реконструкција на студентскиот „Гоце Делчев“ и ги цитираше сите негови изјави дадени изминатите три години.
-Во секое изборно ветување премиерот во заминување најавува реконструкција на домовите. Во април 2013 рече дека ќе се реконструира „Гоце Делчев“, реконструкцијата, рече, ќе заврши ова лето и од септември студентите ќе се вселат во реконструирани блокови.

Истото беше најавено во март 2014 година. Повторно најавата беше „ова лето се надевам ќе почне реконструкцијата“.

Во април 2013 Груевски рече дека наскоро ќе се објави тендер за изградба нов студентски дом на местото на бараките од „Медицинир“ и дека бараките наскоро ќе заминат во историјата, но од ова нема ништо. Во реалноста гледаме паднати тавани и лифтови, ладни радијатори, печурки кои растат од влага и инскети во јадењето. Еден нов студентски дом чини 5 милиони евра студентски дом, а 18 милиони евра трошите за панорамско тркало. Десетици студентски домови заминаа во коњи, мостови и барок – рече Богоев.

Тој спореди фотографија од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ со фотографии снимени во студентските домови кои ги покажуваат паднатите тавани и мувлосаните ѕидови.

-Во вашето ултра модерно партиско седиште во центарот на градот не поминувате ни пет минути, а студентите живеат, јадат, спијат во очајни услови. Зошто го лажете студентите десет години и зошто не ги реконструиравте нивните домови? – праша тој.

Заменик министерот, Спиро Ристовски, одговори дека реконструкцијата се одложувала поради процедурите што мора да се запазат според законот за јавни набавки.

-Владата во неколку наврати спроведе неколкукратни реновирања на студентските домови. Во „Стив Наумов“ беа потрошени два милиони евра за доизградба на нови просторни. Владата го надгради студентскиот дом „Кузман“ и ќе продолжи со реновирање. Владата го реконструираше целиот блок Б во „Гоце Делчев“. Можеби сме пропуштиле некои од месеците за завршување на активностите, но тоа е резултат на процедурите кои мора да се запазат согласно јавните набавки. Блокот Б од „Гоце Делчев“ во ноември ќе биде комплетно опремен со мебел и од вториот блок ќе бидат преселени студенти за останатите два блока да се реконструираат.

Дополнително набрзо ќе се отвори нова студентска библиотека во овој дом која е во завршна фаза – рече Ристовски и побара од пратениците да „не се обидуваат политички да профитираат на штета на студентите“.

-Имајте политичка доблест – порача тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Баковска: Скандал, градоначалникот на Демир Хисар од ДПМНЕ незаконски сака да разреши директорка на училиште

(ВИДЕО) Нешковска: Статистика објави алармантни бројки, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,8 отсто

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојановски: Дојранското Езеро пресушува – хидросистемот Ѓавато не функционира

(ВИДЕО) Јанковиќ: Младите во Македонија спасот го гледаат во странство – бројот на вработени намален за 17.000

СДСМ: Скапо ја плаќаме неспособноста на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?