Богоев им ја честиташе „бронзата“ на „Dancers united mk“

Од:

Големиот успех на меѓународна сцена кој го постигна танцовото студио „Dancers United Mk“ од Карпош, вчера вечер се прослави во нивното студио во населбата Карпош 3 (Лептокарија).

Во присуство на роднини, пријатели, гости, како и на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, нашите танчери се радуваа на високото трето место, односно на бронзениот медал.

Првиот човек на локалната самоуправа им го честиташе извонредниот подвиг и им посака уште поголеми успеси во иднина.

На меѓународниот турнир по танци кој се одржа во Копенхаген, Данска од 17-21 ноември, лицата со Даунов Синдром од танцовото студио „Dancers United Mk“, во конкуренција од над 4.000 натпреварувачи од 29 земји, го освоија третото место.

Tанчери се натпреваруваа во категоријата параденс- интегративна формација, под менторство на тренер- кореографката Виолета Башевска.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски