Богоев и Тимоние во „Партизан“ и ОУ „Братство“ во Карпош

Од:

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и градоначалникот Стефан Богоев денеска ги посетија спортската сала „Наум Наумовски – Борче“, позната како „Партизан“ и Основното општинско училиште „Братство“ во Општината Карпош.

Министерот Адеми истакна дека целта е да се покаже поддршката за изучување на францускиот јазик во македонските училишта, што претставува привилегија како еден од најдобро позиционираните јазици на светската мапа на јазици.

– Поддршката за изучување на францускиот јазик е најмалото нешто што Македонија може да го направи за една пријателска земја како што е Франција, која е голем поддржувач на нашите напори за зачленување во Европската Унија, но и за покревање на квалитетот на нашиот образовен систем, изјави Адеми.

Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние изрази задоволство што е денеска во посета на ова училиште, во чие име е една од девизите на Франција, и дека целта на посетата на училиштата е да види како учениците се подготвуваат за изучување на на францускиот јазик.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев потенцираше дека основното училиште “Братство” е симбол на соживот каде учат ученици од повеќе етнички заедници кои го изучуваат францускиот јазик но и дека ќе има обука на наставниот кадар по француски јазик, во ова и останатите училишта.

За салата што е руинирана, градоначалникот Богоев изјави дека ќе биде обновена со помош на француската Влада.

– Салата е изградена по катастрофалниот земјотрес во Скопје со помош на француската Влада, и преземаме иницијатива владата да ни го додели како сопственост на Општина Карпош, како и нејзино целосно враќање во функција”, појасни градоначалникот Богоев во врска со спортската сала.

Би можело да ве интересира

Опожарени се шест куќи во скопски Карпош, седум лица завршија во болница

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС