Во сабота, 13.04.2019 година, од 10:00 часот, Општина Карпош организира голема еко – акција за чистење. Денеска, градоначалникот Стефан Богоев ги повика сите граѓани, здруженија, институции да се приклучат кон акцијата и информираше за собирните пунктови:
1.Кеј на Вардар (две собирни места):
•10:00 часот, под х. „АлександарПалас“, кај фитнес зоната;
•10:00 часот, крај на бул. „Илинден“ (патеката што води до мостот „Газела“);
2.Министерство за економија (ул. „Јуриј Гагарин“ бр.15);
3.Бул. „Партизански одреди“ (четири собирни места):
•10:00 часот, кај автобуска постојка и пекара „Мал Одмор“ (спроти Симпо);
•10:00 часот, пред Симпо;
•10:00 часот, кај мостот „Обединети нации“ (кај воените кули);
•10:00 часот, спроти воените кули, кај трите бели кули.
4.Платото на Млечен, пред „Ли“ кафе;
5.Т.Ц Лептокарија (на коцка, пред кафе бар „Ревија“ );
6.Порта Влае (на плоштад „Делфина“).
До овој момент се приклучија голем број институции, јавни претпријатија и општествено одговорни субјекти. Кон акцијата се приклучија: ЈП Паркови и зеленило, ЈП Комунална хигиена – Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Лајонс Дистрикт 132 Македонија, Е-марк Македонија, Енекод, Центар за социјални иновации БЛИНК 42 – 21, Acibadem Sistina, Лабораторија Аvicena, групата DNK, Друштво за управување со отпад НУЛА ОТПАД, здружението Екоскоп, Црвен крст – Карпош, Зоолошка градина – Скопје, приватна детска градинка Колорес, Пакомак, Sunilens и Прокредит Банка.
Во изјавата за медиумите, градоначалникот Богоев се осврна и на опожарениот дел на Кејот на Вардар (во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“).
– Преземаме иницијатива за целосно чистење на овој дел, заедно со Градот Скопје и јавните претпријатија. Исто така, преку повик ќе ги повикаме сите општествено одговорни фирми, градежни компании, да се приклучат во чистењето на овие депонии кои со години претставуваат рак – рана на овој дел од нашиот град, рече Богоев.