(ВИДЕО) Богдановиќ: Не се откажуваме од мораториумот и по одлуката на Уставен суд

Од:

Во Општина центар се изненадени и разочарани од одлуката на Уставниот суд за времено укинување на мораториумот за градење. Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека нема да се откажат од мораториумот и нема да дозволат градбата да продолжи пред да се направат измени на спорните планови.

„Не можеме да изречеме повторно мерка мораториум оти во тој случај ќе треба да се распушти советот поради непочитување на Уставен суд, но разгледуваме други правни можности кои ни стојат на располагање за да се спречи градењето во Центар“, рече Богдановиќ.

Според него не треба да се коментираат одлуките на уставен суд, но вели дека во дискусијата судиите укажуваат дека детален урбанистички план може да се замени само со нов детален урбанистички план, а тоа е токму она што го прави општина Центар во моментов.

Богдановиќ нагласи дека при крај е подготовката на поголем дел од деталните урбанистички планови. Тој тврди дека нема да дозволи да се издаваат одобренија за градење по одлуката на Уставниот суд.

„Со правниот тим од општината работиме на ново решение во моментов не можам да го соопштам, но јавноста навреме ќе биде информирана. Во оној момент кога официјално ќе ја добиеме одлуката од Уставен суд, ќе ги соопштиме нашите следни чекори“ рече градоначалникот Богдановиќ, кој за одлуката на Уставниот суд засега се информирал само од медиумите.

Укинувањето на мораториумот ќе ја обврзе општина Центар, доколку не се преземат нови правни мерки, да издава одобренија за градење по плановите за кои има низа забелешки. Богдановиќ рече дека година ипол ги ревидираат криминалните планови од претходната власт. Тој рече дека сите планови ќе бидат подготвени во принцип на веќе изработените планови „Ново Маало“ и „Мирче Мацан“, каде се избришани згради и хотел, а нацртани се паркови.

Уставниот суд ја донесе одлуката по иницијатива на Стопанската комора на Македонија и на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Градежните комори подолго време на јавни настани истакнуваа дека мораториумот во Центар му носи голема штета на градежниот бизнис.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар