Богдановски: „Зоната на мирен сообраќај“ наместо поголема сигурност, го направи Дебар Маало небезбедно место за живеење

Од:

Горан Богдановски, советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека сметката за незнаењето и неработење на градоначалникот Жерновски ја плаќале граѓаните во Општина Центар.

– Доказ за тоа е и вчерашниот трагичен инцидент пред Министерството за култура. Во сообраќајна несреќа, еден пешак беше прегазен и го загуби животот. Менувањето на сообраќајниот режим, градењето на Боемска улица, окупираните тротоари од паркираните возила направија вистински хаос во Дебар Маало. Имаше многу апели од граѓаните, барања од жители на Дебар Маало кои беа упатени до Жерновски за овој хаос, но сепак неработникот Жерновски остана „глув“ на сите овие барања. Граѓаните јавно, но и по пат на дописи го информирале Жерновски за овој дел од населбата, за целиот метеж, за бучавата од кафеаните и кафулињата, за окупираните тротоари од паркираните возила и нерешениот паркинг простор, за доставата на роба во текот на целиот ден, рече Богдановски.

Тој изјави дека на истата улица се наоѓало и основното училиште „Коле Неделковски“, па го праша Жерновски дали била загрозена безбедноста на децата кои наскоро треба да ја започнат новата учебна година и запраша со што ќе може да се гарантира безбедноста, не само на учениците, туку на сите жители на Дебар Маало.

– Очигледно дека проектот на Жерновски, „Зона на мирен сообраќај“ наместо да обезбеди поголема сигурност на граѓаните во централното градско подрачје, го направи Дебар Маало небезбедно место за живеење. Ова не е прва несреќа во тој реон. Пред подолг временски период кога имаше една слична сообраќајна незгода, на советнички прашања на Жерновски му беше укажано за проблемите. Наместо да послуша, Жерновски со својата ароганција одговори дека тоа го остава на свеста на возачите. Еве до каде доведе неговата ароганција. Господине Жерновски, граѓаните сакаат мир и безбедност, а не ароганција, хаос и беззаконие. Доколку Вие и МВР не може да им го обезбедите тоа, повлечете се, рече Богдановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Не може државата да биде заложник на веледрогеријата Пановски, која е во блиски релации со Филипче

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се фатени живи, штитат бизнис интереси вредни пола милион евра годишно

(ВИДЕО) Петрушевски: Колку може СДС да тоне, пред да се извини за Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на сигурен пат да исчезне

ВМРО-ДПМНЕ: Груби правеше милионски криминал, а СДС молчеа за ден повеќе на власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се обидува да го штити Груби