Богдановски: Монтажниот паркинг во Дебар Маало е предизборна манипулација

Од:

Горан Богдановски, советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека Жерновски и СДСМ ја втурнале Општина Центар во вистински хаос откако пред 4 години ги манипулирале и довеле во заблуда граѓаните на Центар ветувајќи се и сешто, за сега 4 години подоцна најголем дел од ветувањата да не бидат реализирани.

– Жерновски и СДС пред 4 години им ветија на центарци два монтажни паркинзи, едниот во Капиштец на улица Козара, другиот кај Југодрво, помина мандатот на Жерновски и СДС во Центар, а ниту еден од двата паркинзи не е направен. Жерновски мислејќи дека манипулациите кои му успееја пред 4 години ќе му успеат повторно, вчера се обиде да ги изманипулира жителите на Дебар Маало, ветувајќи дека тука на местото позади нас ќе направи монтажен паркинг, со кој ќе се обезбеди место за 270 до 290 возила. Дебармаалци знаат дека монтажниот паркинг е уште едно неговорење на вистината на Жерновски и СДС, која претставува обид за манипулација на граѓаните пред изборите, рече Богдановски.

Според него, жителите на Дебар Маало знаат дека доколку Жерновски се грижел за нив, немало да чека 4 години за да почне да ветува нешто коеби го направил, туку истото одамна ќе го направел.

– Центарци видоа дека од се што ветија Жерновски и СДС најголемиот дел не е реализирано. Центарци видоа како се однесува СДС кој кога еднаш ќе ја добие довербата од граѓаните на нив заборава во наредните 4 години. Граѓаните на Центар знаат дека од ветувањата на Жерновски и СДС, најголемиот дел ветувања никогаш нема да се реализираат, а ветувањата се само со цел за да добијат гласови на избори. Центарци видоа дека најголемиот дел што доаѓа од СДС е едно големо неговорење на вистината. Центарци на 15-ти октомври ќе им кажат не на Жерновски и СДС, заврши Богдановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да каже колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата