Богдановиќ со желби за среќа и здравје на сите деца

Од:

Триесет и шест деца од Дневниот центар за лица со церебрална за парализа, од градоначалникот на општина Центар добија новогодишни пакетчиња, кои се донација од амбасадата на Р. Бугарија во Скопје.

Со изградбата на новото основно училиште во Капиштец, за овие деца општината обезбеди простор кај основното училиште „11-ти Октомври“ каде што привремено ќе престојуваат до изградбата на новото училиште.

Тие ќе добијат најсовремени услови и учење во новото центарско училиште, кое ќе биде прво во регионот што обезбедува инклузија.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, на децата и на вработените им посака среќна нова 2018-та година.

Богдановиќ донираше новогодишни пакетчиња на децата со оштетен вид, децата со Даунов синдром и на децата кои се лекуваат на Детската клиника при Клиничкиот центар.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец