(ВИДЕО) Богдановиќ: Го спасивме Кејот од бизнис интересите на Груевски

Од:

„Го спасивме Кејот на реката Вардар во Центарот на Скопје. Нема да се гради улица за приватни интереси на бизнис партнери, на Никола Груевски. Кејот останува шеталиште, со зеленило отворен за сите граѓани. Ќе добие и урбана опрема, клупи, фонтани, жардиниери, исклучиво за пешаци.

Успеавме да го заштитиме Кејот заедно со граѓаните. Ја спречивме намерата на Груевски и на Коце Трајановски да го уништат Кејот за да се реализира планираниот бизнис на партнерот на Груевски, Алек Теренова.

Како СДСМ, преку советничката група во советот на Општина Центар покажавме како се соработува со граѓаните и како се штитат интерсите на граѓаните, а не на урбаната мафија.

Вака ќе продолжиме да работиме. Сите решенија ќе ги носиме низ отворени дискусии со граѓаните и експертите.

Граѓаните на изборите покажаа дека сакаат совесни политичари. Времето на неодговорни политичари како Груевски и како Трајановски завршува.

По новата реформска Влада, следува и нова одговорна власт во Град Скопје која што ќе се грижи еднинствено за интересите на граѓаните“, изјави Саша Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек