Богдановиќ: Во изолација сме сите што имавме контакт со Ралевска, таа се заразила најверојатно од сопругот

Од:

Денеска по тринаесет часот градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, очекува да го добие резултатот од тестот за коронавирус. Тој заедно со уште неколкумина вработени во Општината кои имале контакт со Маја Ралевска, секретар на Општината позитивна на Ковид-19, денеска работат од дома.

„Вчера ми направија тест откако дознавме дека секретарот Ралевска е позитивна. Преземени се сите мерки за претпазливост, ние постојано сме со маски, се дезинфицира, а и таа доаѓаше на сите состаноци со маска. Не верувам дека ќе има некој заразен, но, сепак, моравме да се тестираме. Се работи за околу 6 – 7 луѓе кои сме биле во контакт со Ралевска. Во Општината нема други заболени, а Ралевска најверојатно се заразила дома од сопругот, кој исто така бил позитивен“, изјави градоначалникот Богдановиќ за „А1он“.

На работа во Центар градоначалникот вели дека не доаѓаат само луѓето кои со мерките се ослободени од работа, односно родители на деца до 10 години, бремени и хронично болни.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска