Богдановиќ: Судот одложува, платеници на криминалната власт крвнички ме нападнаа

Од:

Директорот на ЈП-ПОЦ и претседател на општинската организација на СДСМ Центар, Саша Богдановиќ, реагира на повторното одложување на судското рочиште во врска со бруталниот напад кој бил извршен врз него.

Еве што вели Богдановиќ:

На 07.05 оваа година бев крвнички нападнат без причина на сред улица, пред мојот дом, од страна. За да биде случајот уште потрагичен, наредниот ден провладините медиуми објавија дека се работи за пресметка помеѓу навивачки групи, информција којашто и сведоците присутни на немилиот настан, меѓу кои и полициски службеник, видоа дека е неточна. Недела дена подоцна насилникот беше пуштен во домашен притвор, во исто време кога на триесетина млади луѓе, студенти и средношколци им беше одреден 30 дневен притвор во келии со најтешки криминалци.

sasapretepan1

Од дента на нападот па се до денес ниедно рочиште не беше одржано, без јасно образложение зошто и без наговестување кога би се решил случајот за обвинетиот да си ја плати казната.

Ве молам да го објавите овој мејл во целост за да се запознаат граѓаните со уште еден случај на неправда од македонското судство.

sasapretepan2

Би можело да ве интересира

Дисциплинска за двајцата полицајци од обезбедувањето на Сиљановска-Давкова кои рекле дека „поршетo“ е на МВР

Горан Наумовски

Казнет возачот на „поршето“ непрописно паркирано во Дебар Маало, внатрешна контрола го проверува полицаецот што беше на настанот

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото, МВР да ги санкционира

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Паркинг драма во Дебар Маало: Граѓани ја принудија пајак службата да крене луксузно возило

Катерина Ѓуровски

Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ

Ана Ололовска