Богдановиќ поднесе кривична против Младеноски

Од:

Со оглед на фактот што во последниве петнаесеттина дена, освен што бев двапати претепан, вниманието на медиумите-мегафони е упорно насочено кон мене, со цел да ме прикажат како најголемиот насилник во Скопје, а можеби и пошироко.

Една од најинтересните невистини беше изнесена во јавноста од страна на Михаел Младеноски во емисијата Јади Бурек на ден 06.05.2015 година. Изнесе невистини кои го нарушија мојот углед, но јас не можам да бидам истовремено директор, хулиган и воспитувач, нели?

Бидејќи изјавата има сериозна тежина која упатува на тоа дека јас стојам позади сите лоши работи коишто се случуваат во последниот временски период, а јавниот обвинител има законска обврска да постапува и по допрен глас, ве известувам дека денес е поднесена кривична пријава за Лажно пријавување на кривично дело против Михаел.

Се надевам дека обвинителството ќе ги сфати сериозно наводите во пријавата, бидејќи обвинувањата по повод кои е и поднесена кривичната пријава се уште посериозни. За да не бидам повторно нападнат и за мојата транспарентност и очигледна отвореност за соработка, останатите аргументи ќе ги изложам пред надлежните правосудни органи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар