Богдановиќ: Пет нови локални паркови во новиот ДУП Маџир Маало 1

Од:

Советот на Општина Центар на последната 60-та седница, одржана вчера во салата за состаноци на Советот, го усвои Деталниот урбанистички план Градска четврт И 01 Маџир Маало 1.

Ова е 8-ми по ред ДУП кој е дел од Одлуката за неизвршување на плановите (тн. Мораториум на градби), истиот ја има минато целата законска процедура за донесување на планови и е изработен во согласност со важечкиот Генерален урбанистички план на Град Скопје (ГУП) 2012-2022.

„И во овој ДУП јасно се видливи нашите заложби за зголемување на парковското зеленило, намалување на површините за градба и обезбедување на соодветни и хумани услови за живот на жителите“, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Како што информира Општина Центар, новиот ДУП Маџир Маало 1 во себе предвидува 1195 метри квадратни на парковско зеленило, а вкупната површина за градба со намена домување е намалена за 23%, со што максимално е заштитен пешачкиот карактер на кејот, а предвидена е само една пристапна улица за автомобили. Во стариот план предвидени се слепи улици со слепи краци во должина од 225 метри (105 метри над законски дозволеното), а на сметка на слепите улици, ќе се изведе кружно движење кое навлегува длабоко во планскиот опфат и е огромна безбедносна придобивка за целиот ДУП.

„Регулирана е и дозволената длабочина на објектите, па така наместо претходно предвидените 26 метри, новиот план Маџир Маало 1 предвидува длабочина од 13 до 19 метри, во зависност од градежната парцела. Избришани се два објекти за домување со површина за градба од 252 метри квадратни (развиена површина за градба од 1764 метри квадратни, односно 189 метри квадратни (развиена површина за градба 1323 метри квадратни), а една градежна парцела е намалена за 248 метри квадратни. На сметка на избришаните објекти за градба вцртани се 5 мали локални паркови, со вкупна површина од 1195 метри квадратни“, дополни градоначалникот Богдановиќ.

Во досега донесените планови од ова општинско раководство и Советот, предводено од градоначалникот Саша Богдановиќ, испочитувани се обврските за вградување на минимум 20% зеленило во градежната парцела и задолжителното обезбедување потребен број паркинг места во своја парцела. Ова е прв од донесените планови кој обврзува на посебен режим на изградба на поткровја, кои нема да влијаат на уличниот фронт и значително ќе ги намалат проблемите со осветлувањето и во кој предвидени се паркинзи за велосипеди, се наведува во соопштението на Општина Центар.

Како и во досега донесените ДУП-ови, кои се усогласени со важечкиот ГУП на Град Скопје, така и во овој, испочитувано е начелото на креирање на квалитетни решенија и поквалитетен простор за сегашните, но и за идните жители и станари.

Покрај точката за ДУП-от, на дневниот ред за работа на Советот на Општина Центар на 60-та седница се најдоа и полугодишните извештаи за работата на основните училишта, одлуките за извршување и прераспределба на буџетот, вклучително и усвојувањето на буџетскиот календар, дополната и измената на финансискиот план на КК Работнички и одлуката за меѓуопштинска соработка во врска со заловувањето на уличните кучиња. На дневен ред се најдоа и предлозите за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежното земјиште на Универзитетската клиника КАРИЛ и Деловникот за работа на општинското Партиципативно тело од областа на урбанизмот, велат од Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата