Директорот на ПОЦ, Саша Богдановиќ реагира на текстот на Сител објавен на интернет страната и на вестите со наслов “Скандал: Жерновски и Богдановиќ го превработија „Паркинзи Центар“.
-Во статијата, напишана од господинот Љупчо Златев се набројуваат дел од вработените во ЈП Паркинзи на општина Центар и клеветнички се напаѓаат истите дека сите се „истакнати активисти на партијата и соработници на највисокото раковотство, кои партиски се вработиле во општина центар“. Сите вработени се со адекватни дипломи и се високо квалификувани за својата позиција, а воедно се и примени по регуларен пат, преку конкурс кој беше јавно објавен во дневните весници, се наведува во демантот од Паркинзи општина Центар.
Доколку новинарите на Сител беа професионалци, по информацијата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе побараа изјава од ЈП Паркинзи на општина Центар во однос на преземните имиња на вработени во претпријатието.
Исто така, доколку беа професионалци, најпрво ќе направеа прилог за преземањата на вработени лица од Општина Центар во Град Скопје, каде се префрлија позвучни имиња, со уште попознати роднини од раководството на ВМРО-ДПМНЕ; имиња кои беа обелоденети во „бомбите“ а сега полека се забораваат; имиња, како на пример Александар Јанакиески, поранешен раководител на Сектор за урбанизам во Општина Центар, Воденка Протуѓер, исто така вработена во Секторот за урбанизам, Димитар Ристевски, попознат како Диме Споменик (може да се претпостави зошто го добил тој прекар), преземен во Град Скопје, потоа Ненад Крстевски, кој работел во Секторот за јавни набавки, сега е член на Управниот одбор на МЕПСО, Костадин Дуковски, брат на авторот на скулптурите лавови на мостот „Гоце Делчев“, порано обезбедување на Габриела Коневска, во Општина Центар бил помошник раководител на Сектор за инспекциски работи, сега работи на некој од приватните факултети и др.
Овие лица, кои беа дел од раководниот кадар на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, веднаш по завршувањето на изборите, беа повлечени пред сѐ во Град Скопје и во други институции под контрола на централна и локална власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Во таква ситуација на кадровски вакуум, во согласност со Законот за државни службеници, а по претходно добиена согласност од Министерството за информатичко општество, беше преземен кадар од потребниот профил кој недостасуваше и во Општина Центар и во ЈП Паркинзи на општина Центар.
Со таа цел, го покануваме господинот Љупчо Златев кој што смета дека „продолжува скандалот со партиските врабоптувања во Општина Центар“, да повели во нашите нови простории да се увери дека сите вработени се со адекватни дипломи и се високо квалификувани за својата позиција, а и воедно се примени по регуларен пат, преку конкурс кој беше јавно објавен во дневните весници, пишува во демантот на Паркинзи општина Центар.