Богдановиќ: Не сум принудувал луѓе да присуствуваат на протести

Од:

Претседателот на ОО СДСМ-Центар, објави демант на текстови во некои медиуми, во кои се наведува дека бил приведен за дивеење и дека принудувал луѓе да присуствуваат на протести и демонстрации.

Еве што пишува во демантот:

Во врска со објавените текстови во неколку провладини портали, Ве известувам дека по вчерашните демонстрации во неколку провладини портали беше неправедно спомнато моето име, каде бев наклеветен дека сум бил приведуван за „дивеење“ и за управување со навивачките групи на Работнички, со цел да бидат успешни демонстрациите. Прво, сакам да ја демантирам изјавата дека сум бил приведен за „дивеење“ – ниту јас, ниту полицијата не знаеше да ми објасни зошто бев приведен. За тоа што се случи на натпреварот помеѓу КК Работнички и МЗТ-Скопје на 01.05.2015 година е доставена „Претставка за примена на полициски овластувања“ до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за Внатрешни Работи. Сакам да изјавам дека јас сум и ќе бидам навивач на КК Работнички. Навивачката група на КК Работнички не е фирма со која може да се управува и води и во никој случај не сум принудувал луѓе да присуствуваат на протести и демонстрации.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски