Богдановиќ и Котевски потпишаа меморандум за соработка

Од:

Денеска, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на Управата за водење на матични книги, Ѓоко Котевски, потпишаа меморандум за соработка.

Со ова, податоците и документите од матичната евиденција жителите на општина Центар ќе ги добиваат од управата, што ќе значи побрзо и поефикасно постапување.

Ова ќе значи голема поволност за жителите бидејќи ќе заштедат и време и пари и ќе се избегнат гужви пред шалтерите.

На средбата се разговараше и за изнаоѓање нови начини за соработка меѓу општина Центар и Управата за водење на матични книги, во интерес на доближување на институциите до граѓаните.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила