Богдановиќ: Ќе работиме отворено, за Центар со кој сите ќе се гордееме

Од:

Четириесет и првиот роденден на општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ, го прослави во дворот на општината, заедно со вработените, со жителите на Центар, со актуелните и поранешни советници, претставници на политички партии и медиумите.

Честитајќи им го денот на општината, Богдановиќ посочи дека она што е ветено во кампањата, веќе почнува да се реализира, а за 4 години, на 45-годишниот јубилеј, општината ќе биде поубава, посредена, така како што сакаат центарци.

„Јас и мојот тим секогаш ќе бидеме отворени за вас, граѓаните. За вашите предлози и идеи како да го направиме Центар најубаво место за живеење. Заеднички ќе ги решаваме сите проблеми, ќе ставиме крај на урбанистичкото дивеење, ќе ги ослободиме тротоарите и ќе воведеме режим на смирен сообраќај, за да биде движењето побезбедно и ќе направиме се’ што е во наша моќ да го намалиме загадувањето. Центар ќе добие нова градинка во Маџир Маало и ќе го завршиме новото училиште во Капиштец“, рече Богдановиќ.

Одговарајќи на новинарски прашања, градоначалникот на општина Центар изјави дека ќе формира комисија која ќе го испита целосното работење на „Скопје 2014“.

„Сите споменици што не се направени со соодветни одлуки и се незаконски ќе бидат отстранети“, рече Богдановиќ.
Градоначалникот ги повика граѓаните, вработените да работат заедно и отворено, за да биде Центар наш дом со кој сите ќе се гордееме.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар