Претседателот на ОО СДСМ-Центар, Саша Богдановиќ одговори на обвинувањата од страна на дел од медиумите, кои за него напишаа дека бил насилник, и на Михаил Младеновски, поранешен генерален секретар на подмладокот на СДСМ.
Еве што стои во реакцијата на Богдановиќ:
Им се заблагодарувам на квази – медиумите за нивното одвоено време да ме прикажат како насилник. Сакам да им укажам дека неколку пати лично на мене е применета прекумерна сила и буквално тренирана полициска бруталност, како што завчера ја покажаа и во пракса, мојата култура и воспитување не ми дозволува на апсолутно ниту еден човек да му посакам да биде малтретиран од полицијата. Воедно, бидејќи ова е единствен начин јавно да бидат објавени моите скапоцени искуства кои им ги должам на дел од вработените во полицијата, како и на моите поранешни другари за кои сум направил се, сакам да ве потсетам на неколку настани, дел од мојата голгота:
– Во текот на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори 2008 на улица Македонија под директна наредба на дел од високите политичко – партиски структури бевме задржани и претресувани од полициски службеници, со намера да бидеме задржани и приведени во станица, а на крајот да завршиме и со кривична пријава. Бидејќи очигледна беше намерата, но не постоеше основ, престанаа со нивните дејствија.
– За време на кампањата за локалните избори во 2013 година, на Илинденска бев сопрен од неколку членови на другата политичка партија, едниот од нив сега советник во општина Центар, другиот син на функционер, кои ме извлекоа од моето возило и почнаа да ми ги сечат гумите од колата. Во тој момент поминуваа познатите алфи, но не застанаа за да ме заштитат од очигледното малтретирање, туку само продолжија да се возат, како ништо да не виделе. Ова е пријавено и во надлжениот орган, но секако дека сеуште немам никаква информација.
– Бев приведен на 12.09.2013 година во полициската акција кај Бристол, заедно со „Паркобраните“. Како директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар, а по итни интервенции од страна на станарите дека пристапот до нивните паркиралишта бил блокиран, излегов на терен, а кога пристигнав на јавното паркиралиште во близината на Бристол, бев насилно изваден од службеното возило и приведен во полициската станица Пролет, каде бев и задржан неколку часа. За тој случај ми беше пишана глоба за фрлање отпушоци, иако јас не пушам. За овој случај исто така е поднесена претставка до Секторот за внатрешна контрола при МВР, но сеуште немам добиено никаква информација, ниту јас, ниту останатите приведени во полициската акција. Да се потсетиме како изгледаше акцијата:
– На 15.01.2014 година во сендвичарата „7ца“ кај Грчка амбасада беа нападнати мои другари од страна на Стефан Младеновски, братот на Михаил Младеновски, оној истиот кој јадеше бурек вчера кај Јанко дека јас сум насилник. Овој настан е исто така пријавен во МВР, а за потсетување еве и видео:
– Во април 2014 година бев нападнат со нож од страна на лице кое го познавам и за настанот поднесов уредна усна пријава во полициската станица во Центар, но и за тој случај сеуште немам информација до каде е истрагата, а настанот го нема ниту во полицискиот билтен, или барем јас не успевам да го најдам ?!?
– И секако двата настани што и вие ги памтите, бидејќи се од пред еден месец:
и приведувањето на 01.05.2015 година.
КАДЕ ВИ Е СОВЕСТА?!?