Богдановиќ: Извештај за 28 предмети за склучени договори за отуѓување градежно земјиште предадени во ОЈО

Од:

Со одлука за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на државата од 18.12.2018 година, Општина Центар по долго време го добива на располагање неизграденото градежно земјиште во сопственост на државата и предметите поврзани со земјиштето.

По добивање на предметите, стои во соопштението од Општина Центар, до Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и до Единицата за корупција во МВР, доставено е известување за констатирана состојба во форма на извештај за сите предмети кои биле предадени и за кои се должни да ги следат договорите и да постапуваат.

– Станува збор за вкупно 28 предмети во врска со склучени договори за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање. Меѓу нив е и предметот за Шпанските скали, за кој Обвинителство за организран криминал и корупција минатата недела соопштија дека покренале обвинение.

Во почетокот на 80-тите години од страна тогашниот скопско-призренски бискуп Јоаким Хербут и тогашниот градоначалник на Скопје, Методи Антов, на местото на кое некогаш се наоѓала куќата на Мајка Тереза, во знак на почит, засадиле три дрва. На истата таа парцела во февруари 2012 прв пат во Деталниот урбанистички план Мал Ринг се вцртани таканаречените „Шпански скали“.

– Во ноември 2013-та земјиштето, кое се наоѓало во сопственост на државата, се отуѓува во корист на компанијата Амадеус Девелопмент, за изградба на објект од комерцијални и деловни намени. Врз основ на членот 66 став 1 од Законот за градење, поради неотпочнување на градба од страна на инвеститорот, Општина Центар го поништи одобрението за градење, изјавил на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Богдановиќ како друг пример го навел и предметот на компанијата Графички Центар, тогаш во сопственост на МПМ, за парцела во ДУП-от Тетовска трошарина за изградба на објект со намена В3 – култура.

Во декември 2012-та година Графички центар добива писмено известување од НУ Конзерваторски центар дека на таа локација можно е да има подземни муслимански некрополи од 19. век и оти услов за добивање одобрение за градење е претходно да се направи сондажно археолошко истражување.

Иако Графички центар не го извршува тоа сондажно археолошко истражување, се подвлекува во соопштението од Општина Центар, во декември 2013-та земјиштето е отуѓено за изградба на објект со намена В3 – култура. Од октомври 2014-та до февруари 2017-та, постојат преписки помеѓу Министерството за транспорт и врски, Графички центар ДОО Скопје и НУ Конзерваторски Центар – Скопје поврзани со барање за пролонгирање на рокот за добивање одобрение за градење поради пронајдени остатоци од муслимански некрополи од 19 век.

Богдановиќ дополни дека Општина Центар ќе го продолжи трендот на преземање дејствија и покренување истраги за сите предмети кои ги следи општината, односно за сите градежни парцели за кои се склучени договори за отуѓување градежно земјиште.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории