Богдановиќ и директорот на ЈП „ПОЦ“, Кичевски, го презентираа проектот за реконструкција на улицата „Ленинова“

Од:

Пред дирекцијата на ЕВН во Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ и директорот на ЈП „ПОЦ“, Васко Кичевски, заедно со дел од општинските служби го презентираа проектот за целосна реконструкција на улицата „Ленинова“, информира општина Центар.

„На средбата, одржана на барање на жителите кои живеат во овој дел од општината, градоначалникот, директорот на ЈП „ПОЦ“ и службите лично им ги претставија сите придобивки од проектот на присутните и ги слушнаа нивните предлози.

Проектот за реконструкција опфаќа 7800 м2 нов (горен и долен строј) асфалт, целосна замена на водоводната и атмосферската мрежа, тротоари на површина од 4100 м2, воведување на резидентен паркинг по цела должина на улицата, нова урбана опрема и еколошко ефикасно ЛЕД улично осветлување“, соопштува Општината.

„Со обновувањето на улицата, граѓаните ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, безбедна и квалитетна, изведена во согласност со сите современи стандарди за функционалност.

Жителите кои живеат во околните згради на средбата со градоначалникот Богдановиќ и директорот на ЈП „ПОЦ“, Кичевски, разговараа и за проблемите со кои секојдневно се соочуваат, за нивните идеи и предлози во врска со подобрувањето на условите за живот во општината и за други прашања од локален интерес.

И реконструкцијата на улицата „Ленинова“ е дел од големата летна градежна офанзива за реконструкција на уличната мрежа во Општина Центар, која заклучно со почетокот на есента, ќе обезбеди вкупно 37 реконструирани улици на целата територија“, се додава во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Општина Центар: Профит коалицијата ДПМНЕ и ЗНАМ оркестрирано ја почнаа кампањата против Герасимовски, сметката ќе ви ја испорачаат граѓаните на изборниот ден

ЗНАМ: Градоначалникот на Центар во заминување, гради без закон, троши без логика

Чуварска служба ќе пази на јавните површини, детските и спортски игралишта во Општина Центар

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Општина Центар издвои еден милиони денари за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

А1он

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски