• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Богдановиќ го повика „Никофон“ да се договорат за обесштетувањето од 1 милион евра

by Маја Илиевска-Пачемска14/11/2019 - 11:3614/11/2019 - 16:141324
Share0

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, му порача на инвеститорот на катната гаража „Никофон“, Никола Настески, дека тој и Општината се подготвени за договор и го повика на разговор во својот кабинет.

Добивај вести на вибер

„Би сакал на Никола Настески, инвеститорот на катната гаража Никофон, но и на целата јавност, да порачам дека и јас и Општина Центар сме подготвени за разговор и договор. Јас и жителите од околните згради сметаме дека таму, на тоа место, катна гаража не треба да има. Во тоа име, како прв човек на една транспарентна, отчетна и општина одговорна пред граѓаните, го повикувам Никола на разговор во мојот кабинет, за еднаш засекогаш да најдеме решение за овој голем проблем за жителите на Центар, но и на сите граѓани на Скопје“, напиша Богдановиќ на својот Фејсбук профил.

„1 милион евра е премногу, но отворени сме за дијалог. За да ја утврдиме сумата ќе бараме и вештачење“, изјави за „А1он“, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Настески вчера за „А1он“ изјави дека за парцелата платил 127.000 евра на државата, но заедно со комуналите, проектот и другата документација за катната гаража, сумата што досега ја потрошил се искачила на приближно 1 милион евра. Тој рече дека биле свесни за револтот на граѓаните и од тие причини безмалку една година преговарале со Општина Центар за размена на постојната со друга недвижност, согласно законските прописи, но не наишле на разбирање од страна на Општината. И покрај неуспешните преговори, Настески вчера рече дека се отворени за дискусија и изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.

automakedonijacentarnikofon

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Горан Наумовски30/10/2025 - 15:58

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ29/10/2025 - 18:1829/10/2025 - 18:19

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски28/10/2025 - 12:0428/10/2025 - 13:42

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски28/10/2025 - 11:1028/10/2025 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен