Богдановиќ го потпиша договорот за изградба на првата детска градинка во населбата Пролет

Од:

Согласно развојната програма на Општина Центар и новиот донесен Детален урбанистички план „Пролет“, градоначалникот Саша Богдановиќ, по завршувањето на сите жалбени постапки, го потпиша договорот за изградба на нова детска градинка во населбата Пролет, информира Општината.

„На местото на сегашната урбана заедница во Пролет, каде во минатиот план имаше вцртано деловен објект, ќе никне првата детска градинка во овој дел од Општина Центар. По изградбата на најмодерното основно училиште, прво по 50 години, ООУ „Киро Глигоров“, оваа детска градинка, која ќе биде во надлежност на ЈУДГ „Р.Ј. Корчагин“, ќе биде уште еден капитален проект во Општина Центар.

Градинката ќе биде изградена на вкупна површина од 3276 метри квадратни, на приземје и два ката. Капацитетот на градинката предвидува згрижување на 150 деца, распоредени во 9 занимални и 2 јасли. Предвидена е урбана градина со сандаци со песок и земја, детски реквизити (лизгалки, лулашки и мостови). Надворешното игралиште ќе биде инклузивно и до него ќе можат да пристапат и деца со попречнеост во движење. На надворешниот дел од фасадата предвидено е фасадно поставување на детска болдер карпа. Концептот на градинката е да се обезебди простор во кој акцентот пред сѐ, се става во функција на децата и обезбедување на удобен простор за ран развој и нивна игра“, велат од Општина Центар.

„Градинката ќе има и сопствена кујна, која ќе биде изведена по HACCP стандарди, ќе има енергетска ефикасна фасада, греењето ќе биде еколошко – дел на парно, а дел на топлински пумпи. Со изведбата на овој објект, сите детски градинки во Општина Центар ќе имаат по 4 објекти.

Почетокот на градежните работи е предвиден за крајот на октомри, а рокот за изведба е 18 месеци. Изградбата на новата градинка ќе чини 154.243.997 денари, средства обезбедни од Буџетот на Општина Центар“, соопштува Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата