Богдановиќ и Еснафот на старата скопска чаршија потпишаа меморандум за соработка

Од:

Општина Центар и Еснафот на старата скопска чаршија потпишаа меморандум за соработка со цел заеднички да делуваат во јакнење на меѓусебните односи, заеднички настап и за подобрување на условите за работа на занаетчиството.

Општина Центар, претставувана од градоначалникот Саша Богдановиќ и претставникот и советникот од Еснафот Мухамед Љамалари на заедничката средба договорија промовирање на занаетчиството и заживување на чаршијата преку заеднички проекти и активности.

Нагласена е потребата за ревитализирање и осовременување на инфраструктурата на старата скопска чаршија, редуцирање на бариерите и отворање на нови можности за соработка.

Сето ова ќе го поттикне зближувањето и доближувањето до заборавените културни вредности и единство на различностите, избалансиран развој на општината, како и зачување на традицијата и културана на старата скопска чаршија, соопштуваат од Општина Центар.

Со ова се реализира договорот, постигнат во изборниот период за соработка меѓу Еснафот и општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар