Богдановиќ – Ајнаџиќ: Размена на искуства и реализација на проекти од заеднички интерес

Од:

Можностите за продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете општини, размена на искуства и реализација на проекти од заеднички интерес се темите на кои разговарале денеска градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и градоначалникот на Општина Центар Сараево, Неџад Ајнаџиќ.

Градоначалникот Ајнаџиќ е во официјална тридневна посета во Скопје по покана на градоначалникот Богдановиќ и е прва од ваков тип, по потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу двете општини лани во март, кога Богдановиќ ја посети Општина Центар, Сараево.

-Областите за соработка за кои ќе разговараат двајцата градоначалници се во насока на регионален економски развој преку зајакнување на локалните самоуправи и меѓуопштинска соработка, соработка во образованието преку размена на најдобри практики и размена на ученици и наставнички кадар, евроинтеграции на Западен Балкан – Придонес и Бенефит за локалните самоуправи, како и зголемено регионално користење на ЕУ фондови. Дополнително градоначалниците ќе разговараат и за развој на локалниот туризам, со посебен акцент на старите чаршии во Скопје и Сараево, соопштуваат од прес-службата на Оштина Центар.

Во рамки на посетата, предвидено е и разгледување на новото основно училиште во населбата Капиштец, прошетка низ центарот на Скопје и Старата скопска чаршија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар