Богдановиќ: Буџетот за 2018-та ќе биде развоен и домаќински

Од:

Советот на општина Центар го усвои ребалансот на буџетот за 2017-та година, бидејќи досегашната на претходните отстапуваше од планираното.

Измените и дополнувањата на буџетот беа неопходни за да се намалат планираните приходи и расходи.

Одредени предвидени ставки со кои значително се одлеваа средства од буџетот ќе се покријат со донации, а пренамената ќе биде за неопходните проекти за реализација и капитални инвестиции.

Советниците ја усвоија и програмата за развој 2017-2019 година.

„Она што го ветивме пред граѓаните ќе биде реализирано. Приоритет ставаме на овозможување најдобри услови за младата популација, а градинките и училиштата ќе бидат реконструирани или градени според европските стандарди. Во овој контекст сакам да ја споменам неопходната реконструкција во сите училишта, изградба на нова градинка во Маџир Маало и секако, она што е значаен капитален објект за општина Центар, продолжување и финализирање на новото современо основно училиште во Капиштец. Нема да го занемариме ниту партерното уредување, напротив за тоа ќе водиме особена грижа, како и за зголемување на зелените површини, изградба на нови паркови“, рече градоначалникот Саша Богдановиќ.

Вработените во општината секојдневно се на терен и ја скенираат состојбата со улиците и чистотата и ќе се интервенира секаде каде што е потребно. Веќе започна кроењето на буџетот на општина Центар за 2018та година и како што рече Богдановиќ, тој ќе биде развоен, но и домаќински. Во него ќе влезат како планирани проекти сите оние кои се од интерес на жителите на општината.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец