Богдановиќ: Барам да ми се овозможи присуство на 12-та седница на Уставниот Суд

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, до Уставниот Суд на РСМ поднесе барање за присуство на 12-тата седница, на која една од точките на Дневен ред е од особено значење за општината.

Како втора точка за 12-тата седница на Уставниот Суд се јавува Одлука за донесување Детален Урбанистички План Градска четврт И 04-Даре Џамбаз, Општина Центар-Скопје, донесен од Советот на Општина Центар под број 08-2925/6 од 11.06.2019 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр.11/2019).

Точката се однесува на иницијатива поднесена од група граѓани кои пред Уставниот Суд, како суд кој е надлежен за одлучување за вакви иницијативи, e утврдената висина на објектите таму. Граѓаните од Уставниот Суд бараат да се врати на сила стариот ДУП, донесен во 2012-та година, кој ги изедначува висините на објектите на приземје + 8 ката и со тоа, дополнително го обременува просторот таму.

Новиот ДУП, предложен од општината, а донесен во 2019-та година, ја враќа првичната состојба на градбите, со што ќе се задржи автентичноста и постојната состојба на подрачјето на градбите во ДУП Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз.

Поради важноста на иницијативата и следење на постапката, градоначалникот Богдановиќ до Уставниот Суд поднесе барање за присуство на седницата, информираат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар