Богдановиќ: Алфи се нафрлија врз активисти на СДСМ кои делеа материјал за ГТЦ

Од:

Петнаесттина припадници на единицата„алфи“ и уште толку униформирани полицајци вчера ги опколиле активистите на СДСМ кои делеле флаери за претстојниот референдум за ГТЦ, а МВР рано утрово им поднела прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и за загрозување на чистотата на градот, соопшти на прес конференција, Саша Богдановиќ , претседател на општинскиот одбор СДСМ Центар.

Според Богдановиќ, активистите на СДСМ, цели три часа, биле држени во полициска станица.

„Јанкулоска, која слушнавме дека е министер на ВМРО-ДПМНЕ, а не на МВР, поднела повеќе прекршочни пријави против активисти што делеле пропаганден материјал, што е апсурд во која било минимум демократска земја“, посочи Богдановиќ.

За овој настан, активистите имаат и видео материјал, кој ќе го објават во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски