(ВИДЕО) Богдановиќ: 1.000 нови паркинг места за центарци

Од:

Директорот на ЈП „ПОЦ“, Саша Богдановиќ, на прес конференција најави дека во 2016-та општината ќе го започне проектот “1000 нови паркинг места“, со цел подобруање на условите за паркирање.

Ќе се формира координативно тело, составено од претставници на ЈП “ПОЦ“ и општина Центар, кое ќе дава предлози за организација на просторот на улиците во секое населено место. Цел е да се обезбеди доволно место за паралелно паркирање и да се ослободат тротоарите за пешаци и велосипедисти.

Планирана е изградба на 4 монтажни гаражи и реконструкција и враќање во употреба на подземни гаражи.

„Очекуваме уште поуспешна година и поуспешна соработка со МВР и институциите“, рече Богдановиќ.

Тој потсети дека во 2015-та се направени значајни промени и подобрување на состојбата. Неколку улици, како што се „Црвена Вода“, “Мајаковски“ и „Благој Давков“ станаа резидентни. Сите жители на Центар имаат право на “М Карта“, со зголемени часови за гости од 30 на 90 часови, а деловните субјекти добиваат бизнис мобилна карта, со 5 паркинг места.

Улицата “Пролет“ е уредена со пешачки патеки, столбчиња и огради со што се зголеми слободното движење и се спречи дивото паркирање.

Работното време на отворените паркиралишта, од понеделник до петок е до 22:00 часот, во сабота – до 15:00 часот, а за државните празници, паркинзите се слободни за сите.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории