Богданов: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е далеку од идеалот за градење на модерна, демократска и европска партија

Од:

Костадин Богданов, кој на вчерашната седница на Централниот комитет беше разрешен од партиските функции во ВМРО-ДПМНЕ, преку Фејсбук го честита Денот на македонската револуционерна борба, со порака дека се надева оти еден ден во ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде раководство кое ќе ја сфати пораката од претците.

„Почитувани пријатели, најнапред сакам да го честитам денешниот празник Денот на македонската револуционерна борба, на сите граѓани на Република Македонија.

Ова е значаен ден во македонската историја со кој се одбележува вековната борба на македонскиот народ за самостојна, независна и просперитетна држава рамо до рамо со цивилизираните народи, која борба, но во друга форма продолжува и денес.

Во однос на театралната “катарза” од претходната вечер преку која ВМРО ДПМНЕ се реформира во нова антизападна партија, чувствувам за потребно да го кажам следното:

Моето политичко дејствување во раководоството на ВМРО ДПМНЕ беше со единствена цел: да изградиме модерна, демократска и европска партија која силно, со конкретни чекори ќе ја поддржи евроатлантската агенда на нашата држава. За жал, раководството на ВМРО ДПМНЕ е далеку, многу далеку од овој идеал.

Напротив, раководството на партијата продолжи да биде промотор на антизападна националистичка реторика, која ги топли срцата на краток рок, но на среден и долг рок создава несогледливи последици врз општеството, граѓаните и иднината на државата.

Искрено верувам дека еден ден во ВМРО ДПМНЕ ќе дојде раководство кое ќе ја сфати пораката од предците, и суштината на нивната револуционерна борба која ја празнуваме денес“ пишува Богданов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?