Богата програма за Денот на Европа во Крива Паланка

Од:

Општина Крива Паланка во соработка со Делегацијата на Европската унија во Република Македонија се приклучи во одбележувањето на 9 Мај – Денот на Европа со голем број активности и манифестации.

Прославата ќе започне со хепенинг на градскиот плоштад со почеток во 14 часот и 30 минути, а продолжува со музичко – поетска вечер под мотото „Место каде минатото се сретнува со иднината“, на платото пред манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, со почеток во 19 часот.

На одбележувањето ќе присуствува амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

Од локалната самоуправа на општина Крива Паланка ги покануваат граѓаните да присуствуваат на настаните кои ќе вклучат: изложба на материјали за ЕУ, интерактивни работилници, ликовен хепенинг и музичка програма. Музичко поетската вечер, на платото пред манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ покрај поезија и музицирање, ќе ги претстави традицијата и културното наследство на регионот, староградската песна од овој крај во изведба на „Расепеани Паланчани“.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски