Боемите Звонко Богдан, Зафир Хаџиманов и Нино Величковски на отворање на „Боемска 2“

Од:

Вечерва, општина Центар свечено ја отвора „Боемска улица 2“. Подготовките се во завршна фаза, а во моментов се садат 11 од 18-те предвидени костени.

Покрај опуштено дружење и мераклиска чашка пијалок, сите граѓани се добредојдени и ќе може да уживаат и во музичките настапи на тројца големи боеми.

boemska-1

 

Вечерта ќе започне со настапот на познатиот македонски пејач Нино Величковски. Овој македонски боем ќе го придружуваат „Наши тамбураши“.

Со бардот на староградската песна и балканскиот симбол за боемски живот, познатиот Звонко Богдан и со неговите „Седум тамбураши“, ќе ги пееме заедно неговите безвременски хитови: „Осум тамбураши од Петроварадин“, „Фијакер стари“, „Кој те има, тој те нема“ и многу други.

dsc_0380

Вечерва на „Боемска“ со сите присутни ќе биде и легендарниот Зафир Хаџиманов.

„Боемска улица 2“ се наоѓа во срцето на Центар-Дебар Маало, од улицата „Орце Николов“ до дворот на Градежниот факултет.

dsc_0375

Улицата се простира на 270 м должина и 4.000м2 површина и е поплочена со високо квалитетни коцки од природен гранит, нивелирана и осветлена со нови канделабри, без паркирани автомобили.

Улицата е разубавена и со нови зимзелени садници во жардињера кај ОУ„Коле Неделковски“ и цветен расад  долж улицата.

dsc_0371

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар