Бочварски се сретна со претставници на Општинската Организација на Сојузот на борци во Штип

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска оствари средба со претставници на Општинската Организација на Сојузот на борци во Штип.

На средбата градоначалникот ги изрази неговите заложби за зачувување на споменот на Народноослободителната борба и оддавање почит на партизанките и партизаните кои се бореле за слободата на Македонија.

Градоначалникот Бочварски на претставниците на Сојузот на борците им даде уверување дека ќе имаат целосна поддршка за одбележување на важните датуми на достоинствен начин, како што доликува, и им вети дека повеќе нема да се соочуваат со уцени и проблеми, како во изминатиот период.

Градоначалникот вети санација на спомениците на борците во НОБ, но и слободен пристап и можност за користење на просториите на Сојузот на борците, коишто се наоѓаат во зградата на Општина Штип, а се наменети за општествено-политички организации.

На крајот од средбата, градоначалникот потпиша пристапница за членство во Сојузот на борците.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници