Бочварски потпиша договор за соработка со фирмата „Елколект“

Од:

Денеска градоначалникот Бочварски заедно со директорот на ЈП „Исар“ потпишаа договор за соработка со фирмата Елколект, која е лиценциран колективен постапувач и поседува дозвола за поставување отпадна и електрична опрема.

На овој состанок присуствуваа и директорите на основните и средните училишта каде ќе бидат поставени садови за собирање на ваков вид на отпад.

„Претставник од фирмата Елколект го презентираше системот за управување со отпад од електрична и електронска опрема. Денеска потпишавме договор со компанијата Елколект со тоа со Општина Штип прави еден крупен чекор во насока на зачувување на животната средина.

– Компанијата Елколект се обврзува да постави повеќе садови за отпад, во секое училиште, во секој клас со што децата ќе бидат уште од училишните клупи образовани да електричниот отпад го складираат на места кадешто е пропишано. ЈП „Исар“ исто така ќе се вклучи во овој процес со што во блиска координација со компанијата ќе работат заедно за собирање на ваквиод вид на отпад. Во неколку населби ќе бидат поставени поголеми садови за отпад и верувам дека овој проек ќе биде успешен,“ кажа градоначалникот Бочварски.

Општина Штип е една од 33 општини во Република Македонија кадешто компанијата Елколект има веќе поставено или ќе постави инфраструктура.

Целта на овој проект е да се овозможи на граѓаните да се ослободат бесплатно од нивниот отпад во нивна непосредна близина.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он