Бочварски на средба со бизнис сектор во врска со гасификацијата на Штип

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со претставници од Општина Штип остварија средба со претставници од бизнис секторот на територија на општина Штип во врска со изработка на идејниот и основниот проект за гасификација на општина Штип.

„Денеска остваривме работен состанок со бизнис секторот во општина Штип. Темата беше за гасификација на општина Штип. Знаете дека веќе е избрана фирма којашто ја проектира секундарната мрежа за гасоводот во градот. Се работи на идејниот проект и веднаш потоа ќе започнеме со основниот прокет. Денеска ќе заврши тендерската постапка за избор на најповолен понудувач за инфраструктурен проект во градот, така што денеска ми е многу важно да добијам информација од штипскиот бизнис сектор, дали и колку е заинтерсиран за да се приклучи на гасоводната мрежа. Секоја од компаниите што има свој претставник денеска, но и они што неможеле да дојдат, во наредниот период ќе можат да дојдат овде и да земат формулар којшто е енергетска картица за да ги достават нивните потреби за тоа колку би користеле гас во идниот период доколку се приклучат,“ стои во изјавата на градоначалникот.

Денеска во Општина Штип пред бизнис секторот се презентираше трасата на гасоводната мрежа. Општина Штип паралелно работи и со институциите во градот кои би требало да се вклучат на гасоводот.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он