Бочварски изврши увид во градежните активности на ООУ „Славејко Арсов“

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со раководителката на образование, лер и јавни дејности, Билјана Казанџиска и директорот на ООУ „Славејко Арсов“, Павле Мицев извршија увид во започнатите градежни активности во дворот на ова училиште. Се работи за започната изградба на затворен премин, кој ќе ги спои просторот за настава и спортаската сала. Овој градежен зафат, беше барање на учениците кои во различни периоди од денот и во различни временски услови го поминуваа овој простор.

„Денеска сме повторно во населбата Баби односно во основното училиште „Славејко Арсов“ кадешто заедно со директорот и раководителката на лер, образование и јавни дејности извршивме на градежните активности коишто се многу значајни за ова училиште.

Пристапивме со изработка на основен проект за топла врска, за тунел којшто ќе ги поврзи училиштето и спортската сала со што веќе активностите се во тек и очекуваме до крајот на оваа година да биде завршен тунелот.

Ова е сериозна инвестиција околу 2,2 милиони денари,“

Сите основни училишта во општина Штип добија насоки да изготват проекти и веќе се во тендерски постапки за подобрување на условите во сите пет основни училишта во градот. Инвестициите во сите основни училишта во градот ќе бидат околу 7,2 милиони денари коишто ќе ги реализираат во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он