Бочварски изврши увид во градежните активности кај крстосницата во Пребег

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во градежните активности кај крстосницата во населба Пребег.

Станува збор за реконструкција на водоводната и канализационата линија на самиот влез на градот. Ова се значајни активности на ЈП „Исар“ во висина од четири милиони и двеста илјади денари, с со намена за канализациони и водоводни линии за подобрување на водоснабдувањето за сите фирми, но и домаќинства кои гравитираат овде.

Планираната водоводна линија 2 којашто ќе се реализира во иднина ќе се приклучи токму на оваа водоводна линија овде.

„Оваа е доста сериозна инвестиција и ја реализираме сега поради тоа што веднаш после реализацијата на овај зафат ќе започнеме со изградба на кружниот тек преку компанија којашто го доби тендерот за јавната набавка. Токму затоа сакам да највам дека во наредните денови ќе биде прекопан главниот булевар за влез во градот, ќе имаме привремено собраќајно решение со префрлување на возилата на едната собраќајна лента, заради што бараме разбирање од возачите и внимателно возење. Привремено ќе се намали дозволената брзина токму овде, на овој булевар. Кога ќе завршат овие активности, веќе ќе биде раскопан булеварот и ќе започнеме со реализација на кружниот тек. Овде наскоро ќе имаме нов кружен тек, нова водоводна линија и нова канализациона линија. Вкупната инвестиција на овие два зафати е околу петнаесет милиони денари или нешто околу двеста и педесет илјади евра“, истакна градоначалникот Бочварски.

Доколку временските услови се поволни, во многу блиска иднина во овој дел од градот ќе бидат обезбедени услови за побезбедно учество во сообраќајот за пешците и поодговорно однесување на возачите.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он