Бочварски: Градиме по план, обезбедуваме инфраструктура за сите

Од:

„Зборот е збор! Пред изборите ветивме, а сега остваруваме. Во октомври минатата година ги посетив моите сограѓани од населба Баби, на кои им ветив поголеми вложувања во инфраструктурата во овој дел од градот.

Во декември минатата година, после повеќегодишно паузирање, конечно продолжија активностите поврзани со уредување на градежното земјиште во станбена зона Баби 6. Иако овие активности започнале во 2014 година, а граѓаните редовно си ги плаќале комуналните давачки, по изведувањето на главната канализациона линија на улица 7, работите биле стопирани.

Со налог издаден од мене, активностите продолжија онаму кадешто застанале, при што се реализира дозавршување на канализација и изведба на водоводна линија на улица 7. Со тоа, водовод и канализација на оваа улица се завршени.

Од вчера започнаа активности за изведба на водоводна и канализациона линија на улица 6 и се очекува овие активности да завршат за петнаесет работни дена. Со ова обезбедуваме водовод и канализација за 22 станбени објекти на улиците 6 и 7 во населба Баби.

Со подобрување на временските услови, улиците 6 и 7 ќе бидат асфалтирани.

Вкупната инвестициска вредност на овие проекти е предвидено да изнесува околу 7 и пол милиони денари. Средствата се обезбедени од Општина Штип, по програма за уредување градежно земјиште и буџет на ЈП „Исар“ Штип.

Воведуваме строго наменско, транспарентно, домаќинско и одговорно користење на буџетските средства, преку редовно известување за сработеното.

Градиме по план. Обезбедуваме инфраструктура за сите. Затоа што за нас сите граѓани и сите нивни потреби се важни“, изјави градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници