Бочварски го чествуваше меѓународниот ден на жената – Осми март

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски го чествуваше меѓународниот ден на жената – Осми март, при што учествуваше на полагање на цвеќе пред спомен обележјето на народната хероина Вера Циривири Трена во кругот на детската градинка „Вера Циривири Трена“.

„Денеска се наоѓаме пред спомен обележјето на народната хероина Вера Циривири Трена, за да и оддадеме почит нејзе, но и на сите жени коишто преку женската младина активно учествувале во многу акции организирани од СКОЈ и синдикатите.

Многу жени биле вклучени во НОБ, а со тоа дале огромен придонес за ослободувањето на нашата земја. Самостојноста и сувереноста на Р. Македонија им ја должиме и ним“, изјави градоначалникот Бочварски.

Воедно градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски го чествуваше Осми март заедно со жените вработени во Општина Штип, во салата во Општината и со жените пензионерки и лицата со посебни потреби во Пензионерски дом во Штип.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он