„БМВ Х5“ украдено пред продавница во Ѓорче Петров

Од:

Непознат сторител вчера околу 17:50 часот од пред продавница на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје одзел патничко моторно возило марка „БМВ Х5“ со скопски регистарски ознаки.

Како што информира МВР, сторителот го искористил невниманието на сопственикот Т.И. (43) кој излегол од возилото и го оставил да работи. Влегол во возилото и со голема брзина заминал од местото на настанот. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 750.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра