Блупринт група: Одлуката на членовите на Судскиот совет кои поднесоа оставка е во добра насока, се надеваме дека и другите ќе го следат овој чекор

Од:

Блупринт групата за реформи во правосудството смета дека одлуката на членовите на Судскиот совет на РСМ кои поднесоа оставка од нивната функција е во добра насока и соодветствува на претходната реакција на Блупринт групата и искрено се надеваме дека и другите членови ќе го следат овој чекор.

-Како група, подолго време ја следиме работата на Судскиот совет на РСМ. Сметаме дека почитувањето на законот при секојдневното работење на една институција треба да е императив во нејзиното работење. Тие стандарди посебно треба да се однесуваат на Судскиот совет на РСМ кој ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт согласно Уставот на РСМ, гарантирање на законитоста во постапувањето и владеење на правото. Сметаме дека единствен начин за враќање на довербата и зачувување на интегритетот на Судскиот совет е избор на нов состав на членови избрани во законска и транспарентна постапка, се вели во соопштението од Блупринт групата.

Новите членови на ССРСМ, се вели во соопштеието, кои ќе бидат избрани од редот на судиите потребно е да бидат судии со интегритет и да поседуваат високи морални и етички квалитети.

– Особено ја истакнуваме потребата кандидатите за членови кои ги избира Собранието на РСМ да доаѓаат од редот на истакнати правници кои имаат докажано долгогодишно искуство во работата, се препознаени во правната професија и за кои не постои никаков основ за сомнеж за нивна политичка или лична поврзаност со сегашни или поранешни носители на јавни и политички функции. Оттука, се надеваме дека останатите членови на Судскиот совет ќе го преиспитаат своето досегашно постапување и ќе ја покажат и докажат својата професионална етика и морал како членови со што ќе ја исполнат својата должност кон функцијата која ја вршат и ќе ја поднесат својата оставка по примерот на своите двајца доскорешни колеги, посочуваат од Блупринт групата.

Во моменти, се вели во соопштението, кога довербата во судството е на незавидно ниско ниво со понирачка тенденција, неопходно е Судскиот совет на РСМ за да го поврати својот легитимитет согласно Уставот на РСМ да биде наново екипиран како чувар и гарант на самостојноста и независноста на судската власт, со што ќе започне процесот на враќање на довербата пред се на граѓаните но и на судиите кои полагаат отчет кон Судскиот совет на РСМ за своето работење.

Блупринт групата ја сочинуваат Македонско здружение на млади правници (МЗМП), Институт за европска политика (ЕПИ), Институт за човекови права (ИЧП), Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС), Хелсиншки комитет за човекови права и Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА).

Би можело да ве интересира

Нема да вршиме политички притисок, судиите да го испорачаат тоа за што се платени од граѓаните, вели Мицкоски

Судир на Антикорупциска и Судски совет за Академијата за судии и обвинители

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО

Членовите на Судскиот совет се против реформите затоа што удобно седат во фотелји, земаат плата и имаат само два проценти доверба вели премиерот

Катерина Ѓуровски

Подготвен сум да разговарам за предлогот за распуштање на Судскиот совет и на Советот за јавни обвинители, вели Мицкоски

Дамева: Не треба да има колективна, туку индивидуална одговорност