Блокирани 152 картички од Паркинзи на општина Центар

Од:

152 картички се блокирани од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ поради тоа што им е истечен договорот за користење или поради неподмирени обврски кон ПОЦ.

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ изврши ревизија на магнетните картички кои се користат за влез на трите затворени паркинзи „Зелен пазар“, „Трготекстил“ и „Дом на градежници“, кои се во владение на ова претпријатие и утврди колку граѓани не ги ажурирале своите картички.

На „Зелен пазар“ се блокирани 15 картички, на паркингот „Трготекстил“ 45 и кај „Дом на градежници“ 92 картички.

Оттаму соопштуваат и дека се блокирани сите универзални картички за кои ПОЦ нема евиденција.

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек