Блокиран фејсбук-профилот на „Наставнички пленум“

Од:

Веднаш по одржувањето на мирниот протест на „Наставнички пленум“ пред Министерството за образование и наука, администраторите на фејсбук-профилот на пленумот забележале дека не може да се вклучат. Профилот бил пријавен за лажен и администраторите на „Фејсбук“ го блокирале/повлекле, велат од „Наставнички пленум“.

– Не можам да поверувам дека некому толку многу можел да му пречи овој профил за да повика на масовно пријавување на профилот за лажен. Доколку некој можеби си помислил дека преку згаснување на профилот ќе згасне и нашата активност, тоа би било навистина смешно и површно размислување. Пред неколку часа успеавме повторно да го вратиме профилот бидејќи преку него ги објавуваме активностите на пленумот. Меѓутоа, профилот не е единствената алатка што ни служи за комуникација со јавноста. Сите заинтересирани можат да ги следат нашите активности, ставови, аргументации и мислења на нашиот блог или на фејсбук-групата и притоа можат и самите активно да се вклучат со коментари – вели наставничката Жана Живадиновиќ од „Наставнички пленум“.

Би можело да ве интересира

Спојувањето предмети е како хирурзите да гаснат пожар, а пожaрникарите да работат во конфекција – протест на наставниците

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто

Вакцинирани околу 75 отсто наставници, околу 2 отсто ученици следат онлајн-настава

Катерина Ѓуровски

Засега немаме начин да ги натераме наставниците да се вакцинираат, вели заменик-министерот Шабани

Жарко Настоски

Дер Шпигел: Наставници од ризични групи принудени да одржуваат настава во училиште

А1он

Наставнички пленум: Каде згрешивме?

Емир Латифовиќ