Според последните податоци на Центарот за јавно здравје, во Скопје во моментов има 945 активни случаи на Ковид-19, а во пет општини во главниот град се забележани повеќе од 100 активно заразени лица.
Аеродром е општината во која се регистирани најголем број активни случаи во Скопје – 165, а следуваат Центар со 157 и Карпош со 136 активни случаи.
Еве како се распределени активно заразените пациенти по општините во Скопје и околината:
• Чаир – 60
• Гази Баба – 105
• Аеродром – 165
• Карпош – 136
• Центар – 157
• Кисела Вода – 108
• Ѓорче Петров – 70
• Бутел – 37
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 6
• Сарај – 15
• Арачиново – 5
• Илинден – 34
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 7
• Зелениково – 3
• Странец – 9
• Нераспределен-3